Како се користи?
Внесете го вагиналниот крем што е можно подлабоко во вагината, навечер пред спиење. Тоа најдобро ќе го постигнете ако лежите на грб, со малку свиткани нозе.
За лекување на вагинални инфекции
Секоја вечер во текот на 3 непрекинати денови испразнете ја содржината на 1 апликатор (приближно 5 g) во вагината.
За лекување на кандиден вулвитис и кандиден баланитис
Кремот нанесете го во тенок слој со втривање на заболените места, 2- до 3-пати дневно (надворешните полови органи до анусот кај жената, главата и кожичката кај мажите). Лекувањето е обично 1 до 2 недели.
Фрлете го користениот апликатор и темелно измијте ги рацете. Секогаш читајте го Внатрешното упатство за пациентот.