Кандидијаза
Многу е честа, но жените ретко разговараат на таа тема. Затоа, ајде да разговараме за кандидијазата; тоа е честа габична инфекција предизвикана од едноставна нерамнотежа на една природна вагинална габа, а најчесто тоа е Candida Albicans.
Најчесто, условите што ја задржуваат кандидата под контрола се: добар имунолошки систем, добри бактерии (наречени lactobacilli) и здраво ниво на pH. Меѓутоа, кога условите во вашата вагина се менуваат во помалку кисели, бактериите почнуваат да се размножуваат. Ова, пак, може да доведе до габична инфекција.
Толку е вообичаена што секои 3 од 4 жени заболуваат од кандидијаза барем еднаш во животот1. Многу жени страдаат од повторлива кандидијаза. Сепак, постојат некои состојби што може да ве направат посклони кон добивање на оваа габична инфекција. Изложени сте на поголем ризик да заболите од кандидијаза ако:
-
сте бремени
-
неодамна сте се лекувале со антибиотици
-
имате дијабетес
-
имате менструален циклус
-
пиете апчиња за контрацепција
-
сте дијагностицирани со ХИВ
Не грижете се! Кандидијазата не е сексуално пренослива инфекција.
Симптоми на кандидијазата
Лекување на кандидијазата
Во повеќето случаи, вагиналната кандидијаза се лекува лесно. За целосно излекување, треба да користите внатрешни производи кои ќе ја лекуваат инфекцијата и надворешен крем што може да помогне во ублажување на симптомите. Канестен® нуди палета на производи, како вагинални таблети и внатрешни вагинални и надворешни креми, така што можете да ја одберете опцијата за лекување што најмногу ви одговара вам. Кандидијазата би требало да помине за една седмица по една доза лекарства и/или дневно користење на кремот. Не пробувајте да ја лекувате само со надворешен крем. Тоа ќе ви помогне да ги смирите симптомите на габичната инфекција, но нема да се отстрани причината за вагиналната кандидијаза.
Не ви е потребен рецепт за да ги купите производите Канестен® наменети за кандидијаза.
Превенција на кандидијазата
Некои луѓе страдаат од повторлива кандидијаза, што може да биде предизвикана од нивниот начин на живеење. Ако симптомите на кандидијаза се проблем, може да промените некои навики за да спречите повторување на габичната инфекција. Како прво, треба да запомните дека вашата интимна област има различна pH вредност од остатокот на телото, така што користењето обични парфимирани сапуни и гелови за туширање може да ја наруши рамнотежата на pH во вашата вагина.
Носењето многу тесна и синтетичка долна облека и облека, како што се тесните хеланки, може да го поттикнат растот на кандидата поради застојаната влага. Исто така, се препорачува веднаш да ја соблекувате мократа облека, како што се костимите за пливање или облеката за вежбање. Други совети за избегнување кандидијаза:
Кандидијазата, позната и како габична инфекција, може да го погоди секого. Симптомите лесно се забележуваат и лекувањето е едноставно.