За Canesten

Нашата мисија е да ги ослободиме луѓето ширум светот од непријатноста при габични кожни заболувања во интимните предели – затоа што веруваме дека ништо не треба да ве спречува да го живеете животот како што сакате, удобно и самоуверено.

Насмеана млада жена со темна коса, облечена во црвена маица, ги покажува мускулите на рацете

Затоа сме посветени да ви помогнеме со ефикасни, научни, иновативни решенија и со сознание што смирува: за да чувствувате дека имате контрола врз вашето интимно здравје и вашата кожа и да имате една грижа помалку на оваа тема.

Хемиска структура на клотримазолот

Науката е во нашата ДНК

Ние сме експерти за габи уште од `60-тите години на минатиот век, кога еден истражувач на Bayer, професорот Карл Хајнц Бухел, направи епохално откритие со развивањето на клотримазолот, активна антигабична состојка. Неколку години подоцна, клотримазолот беше регистриран во Германија и пуштен во продажба со брендираното име Канестен®. Ние први го изработивме оригиналниот производ од клотримазол, кој не само што е ефикасен во лекувањето габични инфекции, туку се справува и со причината за нивното појавување. Потоа, создадовме производи во нови форми за да ја испорачаме оваа моќна состојка во различни форми, така што секој ќе има пристап до производ што одговара најдобро на неговите потреби.
 
До денес спроведовме бројни клинички испитувања и користиме повеќе методи за да сме сигурни дека нашите производи се безбедни и ефикасни. Меѓутоа, нашата приказна не завршува тука.

Постојано подобрување и дизајнирање на најдобрите решенија што даваат резултати

Главната цел на Канестен® е да ви даде утеха и доверба, а тоа значи дека голем дел од нашето работење се потпира на вашата доверба во нас. Користејќи го нашето меѓународно научно знаење, истражување и клиничка експертиза кои ги поседуваме повеќе од 40 години, остануваме неуморни во дизајнирањето и доставувањето на најдобрите ефикасни решенија кои ќе ви помогнат да дијагностицирате, лекувате и превенирате. Дури и сега, постојано се трудиме да ги подобруваме нашите производи, затоа што сме посветени да ги правиме уште подобри со секое ново научно откритие и мислиме дека професорот Бухел и неговиот тим на пионери би биле многу горди на тоа.