Што е габична инфекција на стапалата?1,2
Не мора да сте спортист за да ја добиете! Габичната инфекција на стапалата, наречена и tinea pedis, е многу заразна габична инфекција која ја погодува кожата на вашите нозе, но може да се прошири на ноктите на нозете, па дури и на дланките.
Лесно се фаќа преку директен контакт со заразено лице, споделување постелнини, допирање крпи или облека заразени со габа или одење боси во заеднички простории, како што се спортски сали, базени, јавни тушеви и соблекувални. Поголеми се шансите да ја добиете ако е кожата на нозете оштетена или ако имате влажни или испотени нозе. Габата вирее во топли и влажни услови, па затоа треба да избегнувате да носите влажни чорапи и обувки. Затоа најчесто заболуваат спортистите!
Габичната инфекција на стапалата често се појавува меѓу прстите на нозете, но може да ги зафати и табаните и страните на стапалата. Габичната инфекција на стапалата обично почнува на едната или двете нозе, но вие може не знаејќи да ја раширите на вашите раце или други области од вашето тело само со гребење или чистење на заразените делови на стапалата.
- Ilkit M, Durdu M. Tinea pedis: The etiology and global epidemiology of a common fungal infection. Crit Rev Microbiol. 2014 Feb 4
- 2 Field LA1, Adams BB. Tinea pedis in athletes. Int J Dermatol. 2008 May;47(5):485–92.
Симптоми на габична инфекција на стапалата
Кога да одите на лекар
Ако гледате дека не можете да се ослободите од инфекцијата со лекови без рецепт, од вашиот лекар побарајте лек на рецепт. Може ќе ви требаат други локални или орални антифунгални лекови. Треба да одите на лекар и ако:
-
Ако сте бремени или во поодминати години, тогаш посоветувајте се со вашиот лекар.
-
Се чувствувате многу непријатно.
-
Вашето стапало е црвено, жешко и болно. Може да имате посериозна инфекција од габична инфекција на стапалата.
-
Имате дијабетес. Проблемите со стапалата кај луѓето со дијабетес може да бидат посериозни. Габичната инфекција на стапалата може да доведе до други бактериски инфекции.
-
Вашиот имунолошки систем е ослабен.
Превенција на габичната инфекција на стапалата1
Треба:
- Ilkit M, Durdu M. Tinea pedis: The etiology and global epidemiology of a common fungal infection. Crit Rev Microbiol. 2014 Feb 4