Што е тинеа?
Која инфекција се дсобива лесно како габичната инфекција на стапалата, но може да биде многу понепријатна? Тоа е тинеата, позната и како tinea cruris: габична инфекција предизвикана од група габи наречени дерматофити.
Тоа е инфекција на кожата која ја погодува областа кај препоните: гениталиите, внатрешните и горните бутови и задникот. Тинеата предизвикува црвен осип што чеша, често во форма на прстен, кој се појавува на кожата. Бидејќи дерматофитите се шират многу лесно преку гребаници, ако имате габична инфекција на стапалата или габична инфекција на ноктите на нозете, постои ризик да добиете и тинеа. Обично дерматофитите живеат безопасно на кожата, косата и ноктите, но тие може брзо да се размножат и да предизвикаат инфекција во топла и влажна средина, на пример, ако останете во облека облеана во пот.
Тинеата најмногу ги погодува мажите и адолесцентните момчиња затоа што влагата може да се заглави меѓу скротумот и бутот. Таа често се појавува и кај спортистите затоа што тие многу се потат и носат тесна и влажна облека подолго време. Ако имате прекумерна тежина, поголеми се шансите да фатите тинеа, бидејќи габата може да вирее во наборите на кожата, кои се склони на потење. Но тинеата може да го погоди секого затоа што е многу заразна. Може да ја добиете преку близок контакт со заразено лице, но и преку контаминирани крпи, облека и преку вашите раце ако допрете други заразени места како што е стапалото.
Вообичаени причини за тинеа:
-
носење облека што е тесна и ја иритира кожата,
-
влага во препоните од потење,
-
несоблекување мокар костим за капење долго време,
-
споделување влажни крпи или испотена облека,
-
близок контакт со некој заразен.