Што е осип од пот?
Осипот од пот може да чеша, па дури и да боли, но не мора да се грижите дали ќе го добиете: не е заразен. Познат и како интертриго, осипот од пот е воспалителна состојба на кожата. Се појавува меѓу наборите на вашата кожа како црвеникав осип, каде што кожата се трие заедно и каде што има помала циркулација на воздух.
Обично се појавува под рацете, во наборот на вратот, зад колената, под градите, во пределот на препоните и меѓу абдоминалните набори на кожата. Областите меѓу наборите на кожата се топли и влажни, што создава погодна средина за виреење на микроби.
Осипот од пот често е придружен со инфекција предизвикана од габата Candida, други типови габи или бактерии.
Што го предизвикува осипот од пот?
Факторите што може да предизвикаат воспаление на вашата кожа или да го влошат воспалението се: влага, топлина, недостаток на циркулација на воздухот и триење меѓу наборите на кожата. Дополнително, потта, урината и изметот може да придонесат за оваа состојба.
Кој е изложен на ризик да добие осип од пот?
Поверојатно е да добиете осип од пот ако:
-
имате прекумерна тежина,
-
имате дијабетес,
-
имате ослабен имунолошки систем поради хемотерапија или ХИВ,
-
носите имобилизатор, протези или вештачки екстремитет
-
сте изложени на голема топлина и влажност,
-
користите претесна облека и обувки,
-
сте неподвижни во кревет подолг временски период.
Осипот од пот е најчест во летните месеци или кај луѓето кои многу спортуваат. Бебињата често добиваат интертриго поради нивиот буцкаст, краток врат и свиткано држење на телото – иако се преслатки, тие набори на бебешката кожа се идеални за собирање влага, па затоа е важно редовно да се чистат.
Симптоми на осип од пот
-
Canesten® 1% раствор за кожа е идеален за тешко достапни области. Ја лекува инфекцијата и обезбедува исчезнување на симптомите.
-
Canesten® 1% крем ги отстранува вашите симптоми и ја третира вашата габична инфекција.
Одржувајте ги заразените области ладни, чисти и суви за да избегнете осип од пот.
Треба да одите на лекар ако симптомите не исчезнуваат. Можеби ќе треба да побарате совет за тоа како да изгубите тежина ако вашата состојба е предизвикана од прекумерна тежина. Во случај на бактериска инфекција, вашиот лекар може да препише орален антибиотик.
Ако сте бремени или во поодминати години, тогаш посоветувајте се со вашиот лекар.
Превенирање на осипот од пот
Може да се обидете и да го намалите ризикот од добивање интертриго. Овие совети можат да ви помогнат:
-
Одржувајте ја кожата ладна, сува и изложена на воздух.
-
Сушете ја кожата со тапкање, наместо со триење. Триењето на суво може да ја оштети вашата кожа и да ја прошири инфекцијата.
-
Секогаш мијте ги рацете по ставање лекови на заразените места за да избегнете ширење на инфекцијата.
-
Чистете ја кожата нежно, хидрирајте ја или нанесувајте заштитен крем.
-
Користете непарфимирани сапуни и други производи за кожа за да ја минимизирате иритацијата.
-
Не носете тесна облека или обувки што го стегаат погоденото место. Ако се зафатени прстите, носете обувки со отвор кај прстите.
-
Избегнувајте тесна облека што може да ја трие вашата кожа и изберете природни ткаенини (како памук) наместо синтетички (како ликра и најлон) бидејќи тие го намалуваат количеството воздух што стигнува до кожата.