Изјава за приватност

Оваа интернет страна http://www.canesten.mk (понатаму во текстот „Интернет-страна“) е наменета за цели на БАЕР ДОО Љубљана - Претставништво Скопје. (понатаму во текстот „Нас“ или „Ние“). За повеќе информации во врска со давателот на интернет страната, Ве молиме погледнете го нашиот импринт.

Обработка на лични податоци

При користењето на Интернет страната, сакаме да бидеме сигурни дека имате пријатно и професионално искуство, со цел да ви ги овозможиме функците на Интернет страната што ви се потребни.

Притоа, Вашите лични податоци може да ни бидат дадени на располагање. Доколку не е поинаку наведено во следните поглавја, правната основа за обработка на вашите лични податоци до кои може да дојдеме при Вашата употреба на оваа интернет страна, претставува оваа изјава за приватност. Во продолжение Ви ги даваме потребните информации за тоа како ги обработуваме Вашите лични податоци кога ја користите нашата интернет страна.

Податоци коишто може да ги добиеме за вас

Податоци коишто ни ги давате вие

Некои од податоците може да ни бидат дадени на располагање преку:

  • пополнување на контакт-форми и други типови формулари;
  • одговарање на нашата кореспонденција испратена до вас, преку телефон, е-пошта и на друг начин;
  • на друг начин ни ги имате дадено на располагање;

Податоци што нашата Интернет страна може да ги собира за вас

Кога ќе ја побарате нашата Интернет страна, Вашиот пребарувач ќе пренесе одредени податоци до нашиот веб-сервер. Ова се прави од технички причини и е потребно за да Ви ги даде на располагање бараните информации. За да го олесните пристапот до Интернет страната, следниве податоци се собираат, кратко се зачувуваат и се користат:

  • IP адреса
  • Датум и време на пристап
  • Временска разлика по средно време по Гринич (GMT)
  • Содржина на барањето (специфична веб-страница)
  • Статус на пристап/HTTP код на статус
  • Обем на префрлени податоци
  • Веб-страница што бара пристап
  • Пребарувач, нагодувања за јазик, верзија на оперативен систем на софтверски пребарувач и површина.

Покрај ова, за да ги заштитиме нашите легитимни интереси, ние ќе ги чуваме овие податоци ограничен временски период за да можеме да иницираме следење лични податоци во случај на реален или обид за неовластен пристап до нашите сервери.

Користење на нашата Интернет страна

Поставување колачиња

Што се тоа колачиња?

Оваа Интернет страна користи т.н. „колачиња". Колачињата се мали текстуални датотеки што се чуваат во меморијата на вашиот терминал преку вашиот пребарувач. Тие складираат одредени информации (на пр. вашите претпочитани поставки за јазик или локација), коишто Вашиот пребарувач може (во зависност од животниот век на колачето) повторно да ни ги пренесе при Вашата следна посета на нашата Интернет страна.

Кои колачиња ги користиме?

Постојат две категории колачиња: (1) функционални колачиња, без кои ќе се намали функционалноста на нашата интернет страна и (2) дополнителни колачиња кои се користат за анализа на интернет страните и маркетинг цели. Следните табели содржат детален опис на колачињата што ги користиме:

Технички потребни колачиња

Име на колачето

Рок на траење

Цел и содржина

PHPSESSID

1 час

Идентификатор на PHP податоци, поставете го кога користите метод PHP session()

UniqueID

6 месеци Анонимна идентификација на времетраењето на посетата за статистичка анализа со цел да се оптимизира Интернет страната. Не се собираат лични податоци.

WHGACE

1 ден Наполни колаче за балансирање со цел да обезбедите коректно функционирање на Интернет страната.

WHGCOOKIECONSENT

6 месеци Запомнете ја употребата на опционални колачиња Ја зачувува вашата одлука дали сте прифатиле или одбиле да употребувате колачиња. Не се собираат лични податоци во ова колаче.

Youtube

 

Ние вклучивме видеа од Јутјуб каналите преку употреба на моделот за напредна приватност на Јутјуб. Овој начин може да постави колачиња на вашиот компјутер штом кликнете на Јутјуб видео плеерот, меѓутоа Јутјуб нема да зачувува информации за лична идентификација за видеа кои се вметнати или се повторуваат преку употреба на моделот за напредна приватност на Јутјуб. Прочитајте повеќе на страницата на Јутјуб за вклучени видеа (https://support.google.com/youtube/answer/171780?hl=en-GB)

 

Дополнителни колачиња

Име на колачето

Цел и содржина

Овозможување согласност

Анализа на Интернет страната со Google и интернет рекламирање со Google со следење на однесувањето

Анализа на Интернет страната со Google

Овие колачиња доделуваат случајно генерирана ИД на вашиот уред за да го препознаеме вашиот уред при вашата следна посета. За детали од анализата на Интернет страната со Google, видете го соодветното поглавје подолу.

icon1
icon2
Tag Manager на Google

Веб анализа:

Овие колачиња овозможуваат анализирање на посетата на страната со доделување единствен произволно генериран ID на вашиот уред, според кој вашиот уред се идентификува при идната посета на страната.

Рок на траење: 6 месеци

Доставувач на колачето: Google Inc.

 

Предмет на вашата согласност

Ние користиме дополнителни колачиња единствено ако претходно добиеме Ваша согласност. По Вашиот прв пристап до нашата Интернет страна, ќе се појави банер кој бара согласност од Вас за поставување дополнителни колачиња. Доколку дадете согласност, ќе поставиме колаче на Вашиот компјутер и банерот нема да се појави повторно сѐ додека колачето е активно. По истекот на животниот век на колачето или доколку активно го избришете колачето, банерот ќе се појави повторно на Вашата следна посета на нашата Интернет страната и повторно ќе побара Ваша согласност.

Како да се спречи поставувањето колачиња

Се разбира, можете да ја користите нашата Интернет страна и без поставување колачиња. Во вашиот пребарувач, можете во секое време да ја конфигурирате или целосно да ја деактивирате употребата на колачињата. Ова може, сепак, да доведе до ограничување на функциите или да има негативни ефекти врз пристапот на корисниците кон нашата Интернет страна. Во секое време можете да приговарате на поставувањето дополнителни колачиња користејќи ја соодветната опција за приговор наведена во табелата погоре.

Анализа на Интернет страната

На нашата Интернет страна користиме Google Analytics, услуга за анализа на Интернет страните на Гугл Инц./Google Inc., со седиште на 1600 Амфитеатар Парквеј, Маунтин Вју, ЦА 94043, САД/ 1600 Амфитеатер парквеј, Маунтин вју, КА 94043, САД („Google”).

Google ќе ја анализира Вашата употреба на нашата Интернет страна во наше име. За таа цел ги користиме колачињата опишани подетално во горната табела. Информациите собрани од Google во врска со Вашата употреба на Интернет страната (на пр. референтниот URL, нашите Интернет страни што сте ги посетиле, Вашиот тип на пребарувач, Вашите нагодувања за јазикот, Вашиот оперативен систем, резолуцијата на Вашиот екран) ќе бидат пренесени на серверот на Google во САД, каде што ќе се зачуваат и ќе се анализираат. Соодветните резултати потоа ќе бидат дадени на располагање во анонимна форма. Вашите податоци за користење на Интернет страна нема да бидат поврзани со вашата целосна IP адреса за време на овој процес. На нашата Интернет страна активиравме функција за анонимност на IP, понудена од страна на Google, која ќе ги избрише последните 8 бита (тип IPv4) или последните 80 бита (тип IPv6) од вашата IP адреса. Покрај тоа, Google е сертифициран во рамките на EU-US Privacy Shield, со што се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците во однос на обработка на податоци од Google во САД..

Вашата согласност за користење на веб-анализата може да ја повлечете во секое време, било со преземање и инсталирање на безбедниот Google Browser Plugin, или пак, со откажување на вашата согласност во горната табела, во кој случај ќе биде поставено колаче за откажување. И двете опции ќе ја спречат примената на веб-анализата само доколку го користите пребарувачот на кој сте го инсталирале приклучокот и не треба да го бришете колачето за откажување.

Дополнителни информации за Google Analytics се достапни на Услови за употреба на Google Analytics, Правила за заштита на приватност и податоци на Google Analytics и во Политика за приватност на Гугл.

Онлајн бихејвиорален/наменски маркетинг

Оваа Интернет страна користи ДвоенКлик, т.н. Услуга за наменски маркетинг на Гугл Инц./Google Inc., со седиште на Амфитеатер партквеј, Маунтин вју, КА 94043, САД/Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA („Google”).

Google ќе ја анализира Вашата употреба на оваа Интернет страна. За таа цел, ги користиме колачињата опишани подетално во горната табела. Информациите собрани од Google во врска со Вашата употреба на нашата Интернет страна (на пр. референтниот URL, нашите Интернет страни што сте ги посетиле, Вашиот тип на пребарувач, Вашите поставувања за јазикот, Вашиот оперативен систем, резолуцијата на Вашиот екран) ќе бидат пренесени на серверот на Google во САД, каде што ќе се зачуваат и ќе се анализираат. Ние и нашиот партнер Google ќе ги искористиме овие информации за подобро да ги приспособиме нашите реклами за вас и вашите интереси, да го ограничиме бројот на прикажување на истата реклама, да ја оцениме ефикасноста на промотивните кампањи и подобро да го разбереме однесувањето на посетителите откако тие ќе прегледаат одредена реклама. Кога ќе посетите друга Интернет страна на т.н. „Гугл дисплеј мрежа", скокачките прозорци ќе бидат приспособени на вашите интереси и може да ви бидат презентирани врз основа на информациите собрани од нашата Интернет страна.

Вашата согласност за ваков вид анализа за употребата на оваа веб-страница може да ја повлечете во кое било време, било со откажување на вашата согласност во горната табела, во кој случај ќе биде поставено колачето за откажување, или пак со преземање и инсталирање на безбедниот Google Browser Plugin понуден од Гугл. И двете опции ќе ја спречат примената на веб-анализата само доколку го користите пребарувачот на кој сте го инсталирале приклучокот (plug-in) или доколку не го бришете колачето за откажување.

Повеќе информации за Гугл ДвоенКлик се достапни на Правила за заштита на податоци при рекламирање на Гугл.

Користење на формулари за контакт

Може да не контактирате директно преку формуларите за контакт кои се достапни на нашата Интернет страна. Конкретно, може да ни ги дадете следниве информации:

  • Име, презиме, пол и својство во кое се јавувате;
  • Податоци за контакт (на пример, адреса на е-пошта, телефонски број);
  • Порака;

Информациите што ни ги давате преку формуларите за контакт ги обработуваме исклучиво за обработка на Вашето специфично барање. Ги бришеме овие информации веднаш кога веќе нема да бидат потребни за да го обработиме или да го истражиме Вашето барање.

Надворешни услуги или содржина на нашата Интернет страна

На нашата Интернет страна вклучуваме услуги и/или содржина на трети страни. Кога ги користите услугите од трети страни или кога се прикажува содржина од трети страни, од технички причини, меѓу Вас и соодветниот давател се разменуваат податоци за комуникација.

Можно е и соодветниот давател на услуги или содржина да ги обработува Вашите лични податоци за дополнителни цели. Најдобро што можеме, ги конфигуриравме услугите и содржината на давателите на услуги, за коишто се знае дека обработуваат лични податоци за свои цели, на таков начин што или е блокирана секаква комуникација за цели кои не се однесуваат на презентирање на нивните услуги или содржина на нашата Интернет страна или комуникацијата се одвива само откако ќе одлучите активно да ја користите таа услуга. Сепак, бидејќи немаме контрола врз личните податоци собрани и обработени од трети страни, ние не сме во состојба да обезбедиме обврзувачки информации во врска со обемот и целта на таквата обработка на вашите лични податоци.

За дополнителни информации во врска со обемот и целта на таквата обработка на Вашите лични податоци, прочитајте ги изјавите за заштита на личните податоци од давателите чиишто услуги и/или содржина ги вклучуваме и кои се одговорни за заштита на Вашите лични податоци во овој контекст:

Информации за несакани ефекти и поплаки за квалитет

Оваа Интернет страна не е наменета или дизајнирана за комуникација во врска со несакани ефекти, недостаток на терапевтски ефект, грешки во лекувањето, производи од сив пазар/фалсификувани лекови, неправилна или незаконска употреба, поплаки за квалитет и/или други прашања во врска со безбедноста и/или квалитетот на производите на Bayer. Доколку сакате да пријавите несакани ефекти или да дадете поплака за квалитетот, ве молиме, контактирајте со вашиот лекар (на пример, лекар или фармацевт), вашата локална здравствена служба, или пријавете несакани ефекти на нашат и-мејл адреса .

Ако, сепак, нѐ известите за несакани ефекти или други прашања во врска со безбедноста или квалитетот на производите на Bayer, ние сме законски обврзани да ја процесираме вашата комуникација и можеби ќе треба да контактираме со вас со цел да се појасниме, доколку има нешто нејасно. Потоа, можеби ќе треба да ги известиме надлежните здравствени власти за прашањата што сте ги пријавиле. Во овој контекст, вашите лични податоци ќе бидат препратени во псевдонимизирана форма, т.е. нема да се пренесат информации со кои би можеле да бидете директно идентификувани. Ние, исто така, може да ги пренасочиме овие псевдонимизирани известувања до нашите групации и партнери за соработка, до степен до кој тие, исто така, се должни да ги известат своите соодветни надлежни здравствени власти.

Пренос на лични податоци до обработувачи

За обработката на Вашите лични податоци до одреден степен, ќе користиме специјализирани даватели на услуги. Таквите даватели на услуги се внимателно избрани и редовно следени од наша страна. Врз основа на соодветни договори за обработка на лични податоци, тие ќе обработуваат лични податоци само по наша инструкција и строго во согласност со нашите напатствија.

Обработка на лични податоци надвор од ЕУ/ЕЕО

Вашите лични податоци делумно ќе бидат обработувани во земји надвор од Европската унија („ЕУ“) или Европската економска област („ЕЕО“), кои може да имаат пониско ниво на заштита на податоците од онаа во ЕУ и ЕЕУ. Во вакви случаи, ние ќе се осигураме дека се обезбедува доволно ниво на заштита на вашите лични податоци, на пример, со склучување посебни договори за пренос на личните податоци со нашите договорни партнери (копија достапна на барање) или ќе побараме Ваша експлицитна согласност за таквата обработка.

Пренос на лични податоци на трети страни

Вашите податоци ги споделуваме со следниве трети страни за следниве цели:

Трета страна Обем и цел на трансфер Правна основа
Баер АГ и поврзани друштва Неограничено, заради цели на статистичка обработка, класифицирање корисници и директен маркетинг на услугите, производите или други активности на Баер АГ и со нив поврзани друштва Главен договор за пренос на податоци

 

Информации за вашите права

Следните права се општо достапни за вас според важечките закони за приватност на податоците:

  • Право на информации за Вашите лични податоци, сочувани од наша страна и дали истите се предмет на употреба според целите за кои се собрани;
  • Право да барате корекција, бришење или ограничена обработка на Вашите лични податоци;
  • Право на приговор за обработка на лични податоци поради наш легитимни интереси, јавен интерес или профилирање, освен ако можеме да докажеме дека постојат релевантни причини кои ги заменуваат вашите интереси, права и слободи или дека таквата обработка е направена со цел да се потврдат, извршат или одбранат правните барања;
  • Право на преносливост на податоците (да се обезбеди со Вашите информации во структуриран и лесно читлив формат);
  • Право на поднесување барање/приговор до органот за заштита на лични податоци, односно Агенција за заштита на лични податоци на нејзината регистрирана адреса: бул. Гоце Делчев бр. 18, кат 14, Скопје, Северна Македонија или на е-пошта: info@privacy.mk;
  • Во секое време, со иден ефект, можете да ја откажете Вашата согласност за собирање, обработка и користење на вашите лични податоци. За повеќе информации, ве молиме, погледнете ги поглавјата погоре кои ја опишуваат обработката на податоците врз основа на вашата согласност.

Ако сакате да ги искористите своите права, ве молиме, пратете го вашето барање до контактот наведен подолу.

Контакт

За какви било прашања во врска со приватноста на податоците, ве молиме, контактирајте со нашиот офицер за заштита на лични податоци на следнава адреса

Офицер за заштита на лични податоци
Баер ДОО Љубљана-Претставништво Скопје,
Антон Попов бр. 1, ламела 2, мезанин, локал 4, Кисела Вода/Скопје,
1000 Скопје
Р. Северна Македонија

E-mail: mailto:data.privacy@bayer.com

Измени на оваа изјава за приватност

Одвреме навреме оваа Изјава за приватност може да биде изменета и/или дополнета. Измените и/или дополнувањата на нашата Изјава за приватност ќе бидат објавени на нашата Интернет страна. Сите измени стапуваат во сила по објавувањето на нашата Интернет страна. Затоа препорачуваме редовно да ја посетувате нашата страница за да бидете информирани за можните измени и/или дополнувања.

Последно ажурирање: 14/10/2022.