Услови за користење
Пристапот до Интернет страната и нејзиното користење подлежи на следниве правила. Користете ја Интернет страната само доколку се согласувате со овие услови. Интернет страната е наменета за цели на БАЕР ДОО Љубљана - Претставништво Скопје. (понатаму во текстот „Баер“). Го задржуваме правото на укинување или на делумно или целосно менување на веб-страницаИнтернет страната или на Општите услови за користење, на Општите услови и на Условите за продажба и испорака. Таквите измени ги правиме врз основа на нашето дискрециско право и без никаква претходна најава. Така, при следната посета на нашата Интернет страна, ве замолуваме повторно да ги разгледате условите со цел да се информирате за евентуалните измени или дополнувања што биле направени.
Отстапување за цели на користење и придобивки
Сите податоци, документи и илустрации објавени на оваа Интернет страна се единствено сопственост на BAYER AG, основачот на Баер. Дозвола за користење на Интернет страната се дава под услов на сите копии да се прикажат релевантните авторски права, податоците да се користат само за лични цели, податоците да не се користат за комерцијални цели, податоците да не се менуваат и дополнуваат на ниту еден начин и сите илустрации од Интернет страната да се користат исклучиво со соодветниот текст.
Трговски марки и авторски права
Сите трговски марки на оваа Интернет страна се сопственост на Bayer AG, освен доколку не е поинаку утврдено или доколку на кој било начин не се толкуваат како права на трети лица. Строго е забрането неовластено користење на овие трговски марки или други материјали, а во спротивно, тоа ќе се смета за повреда на авторските права, односно повреда на правата на носителите на трговски марки, како и на другите права од областа на индустриска сопственост.
Ограничена одговорност
Согласно со податоците со коишто располага, Баер ги собрал деталните информации дадени на оваа Интернет страна од внатрешни и надворешни извори врз основа на извршена професионална анализа и проверка. Секогаш се стремиме кон тековно проширување и ажурирање на овој опсег на информации. Информациите на Интернет страната се единствено наменети за презентација на компанијата Bayer AG и нејзините производи и услуги. Меѓутоа, не се прави никакво застапување и не се дава гаранција, ниту експлицитна, ниту имплицитна, за целосноста или точноста на информациите содржани на Интернет страната. Ве информираме дека, иако информациите претставени на Интернет страната биле точни на денот на нивното објавување, можно е подоцна да се појави потреба од нивно ажурирање. Токму затоа, пред да ги користите на кој било начин, ве молиме проверете ги информациите добиени од оваа Интернет страна. Ве советуваме да извршите дополнителна сопствена проверка на советите што се дадени на оваа Интернет страна, особено на нашите безбедносни табели со податоци и технички спецификации - и на нашите прозводи, и тоа во однос на нивната соодветност за процесите и целите. Доколку Ви се потребни совети или упатства за нашите производи или услуги, Ве молиме контактирајте со нас директно. Корисниците на Интернет страната изјавуваат дека се согласуваат да пристапат до Интернет страната и да ја користат на нивни ризик. Баер/Bayer AG и третите страни вклучени во пишувањето, продукцијата или преносот на оваа Интернет страна не може да се сметаат за одговорни за какви било штети или повреди кои произлегле од пристапот или неможноста да се пристапи до Интернет страната или од користењето или неможноста за користење на оваа Интернет страна или од фактот дека сте се придржувале на информациите дадени на оваа Интернет страна.
Вируси, хакирање и други прекршоци
Не смеете да ја злоупотребувате оваа Интернет страна со свесно внесување вируси, тројанци, црви, логички бомби или друг материјал што е малициозен или технолошки штетен. Не смеете да се обидувате да добиете неовластен пристап до оваа Интернет страна, серверот на кој е зачувана оваа Интернет страна или кој било сервер, компјутер или база на податоци поврзани со оваа Интернет страна. Не смеете да ја напаѓате оваа Интернет страна со напад за прекин на достапноста или напад дистрибуиран за прекин на достапноста.
Со прекршување на оваа одредба, вие би сториле кривично дело според Кривичниот Законик. Секое кршење на правилата ќе го пријавиме на соодветните органи за спроведување на законот и ќе соработуваме со тие органи откривајќи им го вашиот идентитет. Во случај на прекршување на правилата, веднаш престанува Вашето право да ја користите оваа Интернет страна.
Ние не сносиме никаква одговорност за каква било загуба или штета предизвикана од дистрибуиран напад за прекин на достапноста, вируси или друг технолошки штетен материјал што може да ја зарази вашата компјутерска опрема, компјутерски програми, податоци или друг Ваш материјал поради Вашето користење на оваа Интернет страна или поради преземање каков било материјал објавен на неа или на која било Интернет страна поврзана со неа.
Интернет-страни на надворешни продавачи/врски
Интернет страната содржи врски/упатувања кон надворешни интернет страни. Баер/Bayer AG само ги објавува таквите врски, но не ја одобрува нивната содржина. Баер/Bayer AG не прифаќа никаква одговорност за достапноста или за содржината на таквите интернет страни и не прифаќа никаква одговорност за штетите или повредите кои настанале како резултат на користењето на таквите содржини во каков било облик. Баер/Bayer AG не гарантира дека страните наведени во врските содржат информации со постојан квалитет. Врските до други интернет страни на корисниците им се дадени само за полесно пребарување. Корисниците пристапуваат до таквите интернет страни на нивни сопствен ризик. Изборот на врските не ги ограничува корисниците на користење на таквите интернет страни.
Ваши податоци
Корисниците на оваа Интернет страна се целосно одговорни за содржината и точноста на податоците што ги испраќаат до Баер/Bayer AG како и за почитувањето на какви било права на трети лица кои може да се вклучени во таквите обезбедени податоци. Корисниците ѝ даваат согласност на компанијата Баер/Bayer AG за чување на таквите податоци и за користење за целите на статистичка анализа или за која било друга наведена деловна цел, освен за оние информации кои содржат лични податоци, кои не припаѓаат во категоријата на матични податоци или податоци за користење. Баер/Bayer AG има право на користење на содржината на таквите пораки, вклучувајќи ги и идеите, изумите, нацртите, техничките и стручните податоци содржани во нив, за каква било цел, како што е развој, производство и/или маркетинг на производи или услуги и за репродукција на таквите информации и за нивно ставање на располагање на трети лица без никакви ограничувања.
Меѓународни корисници
Оваа Интернет страна е проверена, управувана и ажурирана од Bayer AG. Наменета е за локална употреба во Македонија. Сепак, Bayer AG не дава никаква гаранција дека деталите презентирани на оваа Интернет страна се точни насекаде низ светот, а особено дека производите и услугите ќе бидат достапни со ист изглед, во иста големина или во истите услови низ целиот свет.
Доколку ја посетите оваа Интернет страна или преземете содржини, имајте предвид дека е Ваша одговорност да се осигурите дека постапувате во согласност со локалното законодавство што се применува на тоа место.
Производите споменати во оваа Интернет страна се достапни во различни пакувања, во различни големини на пакувањата или со различни букви или ознаки, во зависност од земјата.
Продажба на производите на BAYER
Нашите производи се продаваат согласно со тековната верзија на нашите Општи услови за продажба и испорака.
Меродавно право
Сите законски побарувања или судски постапки поврзани со оваа Интернет страна или нејзиното користење се предмет на толкување на законите на Република Северна Македонија, освен одредбите од меѓународното приватно право и Хашката конвенција во врска со униформното право на меѓународна продажба на производи од 1 јули 1964 година и со Конвенција на ОН за продажба од 11 април 1980 година.
Извештаи со поглед напред
Оваа Интернет страна може да содржи извештаи со поглед напред, засновани врз тековни претпоставки и предвидувања направени од страна на Bayer Group или управување со подгрупи. Разни познати и непознати ризици, неизвесности и други фактори може да доведат до материјални разлики меѓу вистинските идни резултати, финансиската состојба, развојот или работењето на друштвото и проценките дадени овде. Овие фактори ги вклучуваат и оние што се дискутирани во јавните извештаи на Баер, кои се достапни на Интернет страната на Баер на http://www.bayer.com/. Друштвото не презема никаква одговорност за можно ажурирање на овие изјави во иднина или за усогласување со идните настани или случувања.